• четврток, 26 март 2026

Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата

Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата

Лондон, 8 март 2025 (МИА) – Маж со палестинско знаме се искачи на кулата Елизабета во Вестминстерската палата, на која се наоѓа Биг Бен, јавија денеска британските медиуми.

Полицијата соопшти дека добила повик за инцидентот во 7:24 часот утринава, и оти пожарникарско возило подоцна подигнало кран до мажот со палестинско знаме на кулата на Вестминстерската палата.

Припадници на полицијата се на кранот и комуницираат со мажот кој е оддалечен од нив неколку метри.

- Полицајците се на местото на настанот и работат на безбедно завршување на овој инцидент. Ним им помагаат членови на лондонската противпожарна бригада и службите за брза помош, се вели во соопштението. јт/

Фото: ДПА

 

Остани поврзан