• недела, 22 декември 2024

МАЕИ со поддршка на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

МАЕИ со поддршка на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград
Тирана, 1 ноември 2022 (МИА) - На свеченото отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во името на Македонска алијанса за европска интеграција присуствуваше членот на Извршниот комитет Јани Колевски.
– Ми беше чест што учествував на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Ова е историски настан за Македонците во Бугарија. Во името на Македонска алијанса за европска интеграција, но и во името на сите Македонците од Албанија им честитам на организаторите за овој голем настан за Македонците во Бугарија, изјави Колевски за МИА.
Додаде дека Македонците во Албанија ја поддржуваат борбата на Македонците во Бугарија за заштита на својот етнички и културен идентитет.
- На свеченото отворање на клубот присуствуваа Македонци од Бугарија, Грција, Македонија и Албанија. Имавме срдечни средби на кои разменивме мислења по повеќе прашања, посочи Колевски од единствената македонска партија во Албанија. вт/мд/

Остани поврзан