• понеделник, 25 ноември 2024

Мадуро ја пофали одлуката на Лопез Обрадор да не присуствува на Самитот на американски држави во Лос Анџелес

Мадуро ја пофали одлуката на Лопез Обрадор да не присуствува на Самитот на американски држави во Лос Анџелес
Каракас, 7 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го пофали „храбриот и јасен“ став на мексиканскиот колега, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој одлучи да не присуствува на Самитот на американски држави неделава во Лос Анџелес. За Мадуро, одлуката на Вашингтон да не ги повика на собирот него и лидерите на Куба и Никарагва е дискриминациски чин и американската Влада, со тоа, „обезбедила“ самитот да не успее. Лопез Обрадор соопшти дека нема да присуствува на самитот, затоа што не се повикани сите земји од регионот, но најави дека следниот месец ќе го посети американскиот колега, Џо Бајден. Тој на прес-конференција појасни оти место него, на самитот ќе замине министерот за надворешни работи Марсело Ебрард. Администрацијата на Бајден одлучи да ги исклучи владите на Куба, Венецуела, Никарагва, според соопштеното од Белата куќа, а мексиканскиот претседател е еден од неколкуте лидери, кои се заканија со отсуство, доколку сите земји не бидат повикани. Политиката на „исклучување“, наметната со „векови“, треба да се промени, смета мексиканскиот претседател, критикувајќи ја, како што ја нарече, неоправданата желба за „доминација“. бд/сд/

Остани поврзан