• понеделник, 23 декември 2024

Мадуро усвои закон за анексија на дел од соседна Гвајана

Мадуро усвои закон за анексија на дел од соседна Гвајана

Хавана, 4 април 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро усвои закон за создавање нова венецуелска држава околу регионот богат со нафта Есекибо во соседна Гвајана, јави ДПА.

-Одлуката што венецуелскиот народ ја донесе на консултативниот референдум ќе биде исполнета во сите нејзини делови и со овој закон ќе ја браниме Венецуела на меѓународната сцена, рече вчера Мадуро.

На почетокот на декември, Мадуро одржа контроверзен референдум во Венецуела на кој, според официјалните бројки, 96 отсто од учесниците гласаа за анексијата на „Гвајана Есекиба“ како венецуелска федерална држава.

Според претседателската администрација, законот воспоставува нова, 24-та сојузна држава „во рамките на територијалната политика на Венецуела“. Исто така, предвидува „обезбедување и формирање на висока комисија на државата и земјата за одбрана на Гвајана Есекиба“. Ова повторно ги зголемува стравувањата дека Венецуела би можела да го нападне регионот и да предизвика војна.

Населението од оваа област ќе има свој претставник и во следниот парламент на Венецуела, кој треба да биде избран во 2025 година.

Се предвидува „обезбедување и формирање на Висока комисија на државата и државата за одбрана на Гвајана Есекиба“. Ова ги поттикна стравувањата дека Венецуела би можела да го нападне регионот и да предизвика војна.

Венецуела одамна претендира на територијата богата со ресурси, која опфаќа околу две третини од соседната земја. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан