• петок, 21 февруари 2025

Мадбули: Египет може за три години да го обнови Појасот Газа

Мадбули: Египет може за три години да го обнови Појасот Газа

Каиро, 20 февруари 2025 (МИА) – Премиерот на Египет, Мустафа Мадбули изјави дека земјата располага со експертиза и способности за три години да го обнови Појас Газа.

Тој наведе дека Каиро работи на сеопфатен план за обнова на разурнатата енклава во соработка со универзитетите и египетските консултантски компании.

- Од техничка и инженерска гледна точка, ги имаме целосните способности да ја вратиме Газа на уште подобра од нејзината претходна состојба во рок од три години, наведе Мадбули, додавајќи дека Египет исто така ги зема предвид процените на меѓународните институции, вклучително и на Светска банка.

Тој потврди дека формулирањето на сеопфатна визија за иднината на Појасот Газа ќе биде приоритет на претстојниот арапски Самит во Каиро, што ќе се одржи на 4 март.

Египет ги мобилизира арапска, исламска и меѓународна поддршка за иницијатива за спротивставување на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа во Јордан и во Египет, за да се создаде „блискоисточна ривиера“.

Според анализата на Обединетите нации, Европската унија и Светската банка за обновата на енклавата потребни се повеќе од 50 милијарди долари. Според првичните процени, над 292.000 домови се делумно или целосно уништени, како и 95 отсто од болниците, а локалната економија е намалена за 83 отсто. Повеќе од 1,8 милиони луѓе во Појасот Газа имаат итна потреба од засолниште. ми/

фото: Влада на Египет

Остани поврзан