• сабота, 18 мај 2024

Магла на патот Лисец-Попова Шапка

Магла на патот Лисец-Попова Шапка

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 25 метри има на патот Лисец-Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината кон условите на патот. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан