• петок, 29 март 2024

Магла на патиштата Неготино-Демир Капија, Ресен-Битола и Прилеп-Битола

Магла на патиштата Неготино-Демир Капија, Ресен-Битола и Прилеп-Битола

Скопје, 4 јануари 2023 (МИА) – Намалена видливост поради магла има на патните правци Неготино-Демир Капија од 20 до 30 метри, Ресен – Битола 50 метри и Прилеп-Битола од 50 до 100 метри, соопштија од ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. ев/

Остани поврзан