• петок, 17 мај 2024

МААЕ: Иран почна да збогатува ураниум во Натанц

МААЕ: Иран почна да збогатува ураниум во Натанц
Виена, 29 август 2022 (МИА) - Иран почна да збогатува ураниум во една од трите каскади на усовршени центрифуги ИР-6, што неодамна беа инсталирани во подземната постројка за збогатување гориво во Натанц, се наведува во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) испратен до земјите-членки. Во доверливиот извештај се истакнува дека Иран користи каскада од 174 машини за збогатување ураниум до пет проценти чистота. Од преостанатите две ИР-6 каскади во Натанц, едната е во фаза на пасивација, процес што му претходи на збогатувањето, а во другата сè уште нема нуклеарен материјал. ми/

Остани поврзан