• понеделник, 13 мај 2024

МААЕ: Иран значително ги зголеми резервите на збогатен ураниум

МААЕ: Иран значително ги зголеми резервите на збогатен ураниум

Виена, 15 ноември 2023 (МИА) – Иран во последните месеци значително ги зголеми резервите на збогатен ураниум, иако негира дека сака да создаде атомска бомба, се вели во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во кој имале увид некои светски агенции.

Залихите на 28 октомври изнесувале 4.486 килограми, наспроти 3.795 килограми во средината на август.

Тоа е повеќе од 22 пати повеќе од границата поставена со меѓународниот договор од 2015 година, кој ги регулира нуклеарните активности на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан