• петок, 22 ноември 2024

ЛШ: Порто го совлада Јувентус, гостински триумф на Борусија во Севиља

ЛШ: Порто го совлада Јувентус, гостински триумф на Борусија во Севиља
Порто, 17 февруари 2021 (МИА) – Порто со предност од 2:1 ќе патува на реваншот против Јувентус на деветти март во Торино, во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а победа во првиот натпревар од нокаут фазата вечерва обезбеди и Борусија Дортмунд, триумфирајќи над Севиља на гостински терен со 3:2. Португалскиот шампион стигна до победата со голови во воведните минути на двете полувремиња, преку Мехди Тареми (2) и Муса Марега (46), пред Федерико Киеза во 82 минута да ги зголеми шансите на Јувентус за евентуален пласман во четвртфиналето. Како и на мечот во Порто, и Борусија Дортмунд на гостувањето кај Севиља испушти предност од два гола во финишот на мечот. Домаќините поведоа преку Сусо (7), но Борусија направи целосен пресврт до крајот на полувремето, предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд (27, 43), откако претходно Махмуд Дахуд го израмни резултатот, во 19 минута. Лук де Јонг во 84 минута ги постави конечните 2:3. ег/зс/

Остани поврзан