ЛШ: Леао неизвесен за пресметката против Интер
- Во таборот на Милан владее загриженост пред првата полуфинална пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ) против градскиот ривал Интер, а причина за тоа е повредата на Рафаел Леао, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Милано, 8 мај 2023 (МИА) – Во таборот на Милан владее загриженост пред првата полуфинална пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ) против градскиот ривал Интер, а причина за тоа е повредата на Рафаел Леао, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Дваесетитригодишниот португалски фудбалер и веројатно најсилниот адут кој Милан го има пред двата полуфинални натпревари против Интер се повреди на последниот првенствен натпревар во Серија А.
Леао во победата на Милан над Лацио (2-0) мораше да го напушти теренот по само 11 минути. Иако тренерот на Милан, Стефано Пиоли, првично рече дека повредата на адукторот не е голем проблем, италијанските медиуми објавија дека настапот на Леао на дуелот в среда е под голем знак прашалник.
Леао со 12 голови е на шестото место на листата стрелци сезонава во Серија А, а и во натпреварите во ЛШ беше носител на играта на Милан. ег/паг/
ФОТО: Фејсбук