• среда, 03 јули 2024

ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан

ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан
Истанбул, 25 август 2022 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Истанбул го одреди составот на групите во Лигата на шампиони (ЛШ), од кои најсилна ќе биде групата Ц во која ќе играат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен. Италијански Наполи во чие редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс, додека неговите репрезентативни колеги Стефан Ристовски и Аријан Адеми со загрепски Динамо за противници во групната фаза ги добија Милан, Челзи и Салцбург. Групна фаза во лигата на шампиони за сезоната 2022/23. Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов Ренџерс Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж Група Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Викторија Плзен Група Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик Група Г: Манчестер сити, Севиља, Борусија Дортмунд Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби. ег/паг/

Тагови

Остани поврзан