• сабота, 23 ноември 2024

Лушпи од компири и сода-бикарбона како средство за чистење 'рѓа

Лушпи од компири и сода-бикарбона како средство за чистење 'рѓа

Лос Анџелес, 5 јyни 2024 (МИА) - Компирите содржат оксална киселина што ги претвора нерастворливите соединенија на железо во растворливи комплексни јони. Ова е научното објаснување за тоа како лушпите од компири може да помогнат во отстранување 'рѓа од металните површини дома.

Како што пренесува „Н1“, за да се направи средството, прво се натопуваат лушпите во вода. Се користи малку вода - колку да ги покрие корите, а за оксалната киселина да биде што е можно поконцентрирана. Натаму, се оставаат лушпите да киснат околу еден час, па се тргаат од водата.

Потоа водата се меша со сода-бикарбона за да се добие растворот.

Тоа може да се користи за чистење на 'рѓа од ножици, ножеви или градинарски алат. Средството се нанесува на 'рѓосаното место, се остава така 20 до 30 минути, а потоа се чисти, мие и плакне, по што металните предмети ќе изгледаат како нови. Според искусните домаќинки и домаќини на „Тикток“, и мајонезот е речиси исто толку делотворено средство за чистење бакар.  си/сд/

Фото: Тикток

@andyorr3008 Cleaning hack!! #cleantok #cleaning #cleaningtiktok #cleaninghacks #cleaningmotivation #mayo #mayonnaise #copperpan ♬ original sound - Andy Orr

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан