• понеделник, 23 декември 2024

Лула да Силва: Бразил ја продлабочува соработката со Кина, без да ги наруши односите со САД

Лула да Силва: Бразил ја продлабочува соработката со Кина, без да ги наруши односите со САД

Бразилија, 14 август 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва денеска изјави дека ќе разговара за „долгорочно стратешко партнерство“ со Кина кога ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа година во Бразил.

Кина е најголемиот трговски партнер на Бразил, а Лула да Силва изрази подготвеност да разговара за кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“. Тој ќе го прими Си во државна посета по Самитот на Г-20 во ноември во Рио де Жанеиро.

Лула нагласи дека Бразил не сака да ги наруши своите односи со САД и дека двете најголеми демократии во западната хемисфера треба да останат силни партнери. - Не сакам конфликт со САД, туку партнерство со двете страни, изјави претседателот на Бразил.

Бразил и Кина се членки на групата БРИКС, која обединува големи нови економии, а Лула да Силва најави и дека ќе ја посети Јапонија во март 2025 година како дел од дипломатските напори за зајакнување на односите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан