• четврток, 20 февруари 2025

Лула: Болсонаро треба да оди во затвор доколку се потврдат обвинувањата против него

Лула: Болсонаро треба да оди во затвор доколку се потврдат обвинувањата против него

Рио де Жанеиро, 20 февруари 2025 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека доколку се докаже дека се точни обвинувањата против неговиот претходник Жаир Болсонаро за заговорот за пуч во 2022 година, тој треба да биде осуден на затворска казна.

“Обвиненијата се многу сериозни. Доколку се докажат, единствениот начин е тој и другите инволвирани да бидат уапсени. Очигледно ќе имаат право да се бранат, но доколку се докаже, нема друго решение освен да ги осудиме“, изјави Лула, пренесува бразилскиот портал Глобо.

Според Лула, фактот што Болсонаро бара амнестија за обвинетите за напади врз демократското владеење на правото и заговор за државен удар е признавање на вината.

„Кога поранешниот претседател бара амнестија, тој признава дека е виновен, дека направил кривично дело. Тој оцени дека овој процес ќе покаже дека законот е еднаков за сите.“

Главниот обвинител на Бразил претходно неделава го обвини Болсонаро дека водел „криминална организација“ која имала за цел да ја собори демократијата во земјата по поразот на изборите во 2022 година, вклучително и обид за атентат врз актуелниот претседател, кого планирале да го отрујат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан