• четврток, 23 мај 2024

Лукашенко ќе ја посети Русија на 11 и 12 април, предвидена средба со Путин

Лукашенко ќе ја посети Русија на 11 и 12 април, предвидена средба со Путин

Москва, 10 април 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ќе престојува во работна посета на Русија на 11 и 12 април поради разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Страните планираат да разговараат за клучните прашања поврзани со идниот развој на билатералната соработка, вклучително и спроведувањето на одлуките донесени на состанокот на Врховниот државен совет на Унијата на државите Русија и Белорусија, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од прес-службата на претседателот на Белорусија, Лукашенко на 11 април ќе има тет-а-тет средба со Путин.

Тие ќе разговараат за „соработката меѓу двете земји на различни полиња, како и за прашања кои бараат внимание на највисоко ниво, а фокусот ќе биде ставен на регионалната и меѓународната ситуација и начините на координирање на акциите за одговор на постоечките закани и предизвици“.

Прес-службата на претседателот на Белорусија соопшти и дека на 12 април се очекува двајцата претседатели да учествуваат на заедничка манифестација посветена на Денот на космонаутиката. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан