Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
- Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска помилува 31 лице затворени поради „екстремизам“, обвинение што често се користи против политичките противници
Минск, 7 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска помилува 31 лице затворени поради „екстремизам“, обвинение што често се користи против политичките противници.
Помеѓу помилуваните две се жени, 17 се хронично болни и три лица со инвалидитет.
Лукашенко изминатите месеци повеќе пати помилува лица приведени поради антивладини протести. Тој во септември помилува 67, а во август 30 лица.
Според невладината организација за човекови права „Виасна“, во Белорусија, земја со околу десет милионско население, има речиси 1.300 политички затвореници. ми/
фото: МИА архива