• петок, 05 декември 2025

Лукас Васкез потпиша за Баер Леверкузен

Лукас Васкез потпиша за Баер Леверкузен

 

Леверкузен, 26 август 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалер Лукас Васкез (34) е новото засилување на Баер Леверкузен, попладнево германскиот прволигаш.

Искусниот 34-годишен Васкез потпиша двегодишен договор со германскиот вицешампион.

Шпанецот пристигна во Леверкузен без обесштетување откако последните 10 години го носеше дресот на Реал Мадрид.

Васкез со Реал освои 20 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампиони и четири во шпанското првенство.

„Со нетрпение очекувам да ја продолжам кариерата во Баер. Слушнав многу за клубот од Чаби Алонсо и долгогодишниот соиграч Дани Карвахал“, рече Васкез. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан