• понеделник, 06 мај 2024

Лукаревска: Со новиот пакет антикризни мерки 622 милиони евра одвојуваме за граѓаните, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите

Лукаревска: Со новиот пакет антикризни мерки 622 милиони евра одвојуваме за граѓаните, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите

Скопје, 6 декември 2023

Со деветтиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра обезбедуваме таргетирана поддршка за ранливите, пензионерите, средношколците, ученици, на оние на коишто им е потребна поради продолжените ефекти од енергетската криза но и зголемените трошоци за живот, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за Телевизија 24.    

-Имаме и посебна мерка за субвенционирање на придонеси за поголеми плати кај компаниите. Претходните мерки дадоа резултат. Тоа е ветер во грб за работниците но и за работодавачите. Имаме мерки за граѓаните, за домаќинствата и земјоделците за што издвојуваме 156 милиони евра. Посебни мерки има за 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавната администрација. Се направи добра анализа и парите се насочени каде што е потребно. Обврска на Владата е онаму каде што треба да помогне, да овозможи подобар стандард но и да ги помогне ранливите, тоа е нејзина одговорност, рече Лукаревска.

За пензионерите оваа влада од 2017 та до 2024 година има издвоено 8,5 милијарди евра за пензионерите а во 2024 година во буџетот се предвидени дополнителни 100 милиони евра за пензиите повеќе од 2023 година, додаде Лукаревска и направи споредба со времето на ДПМНЕ кога пензиите беа драстично помали.

-Во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари додека во март 2023 година во Влада на СДСМ, просечната пензија е покачена и изнесува околу 20.000 денари. СДСМ за само една и половина година има обезбедено раст на пензиите за 24% проценти. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 50% и за 50% ја големи минималната пензија. Пензиите растат со СДСМ и ние имаме образ да зборуваме за овие мерки за пензионерите со бројки и факти. Секако дека можеме и повеќе но во моментов бројките потврдуваат дека СДСМ се грижи за пензионерите и за граѓаните, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, во интервју за Телевизија 24.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан