• петок, 22 ноември 2024

Лукаревска: СДСМ ќе ја формира идната влада по изборите во 2024 година

Лукаревска: СДСМ ќе ја формира идната влада по изборите во 2024 година

Скопје, 28 ноември 2023

По следните избори СДСМ ќе формира влада, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во утринската програма на „Слободен печат“.
-Престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ и ќе добиеме повторна шанса од граѓните, убедена сум, истакна Лукаревска.

Таа додаде дека Ковачевски како премиер кој ја води Владата веќе две години, ќе има уште еден мандат по изборите во 2024 година.

- СДСМ ќе ја формира идната влада. СДСМ во моментов работи на победничката програма, активни сме на терен, имаме тимови за победа. Одлуките што ќе ги донесеме ќе бидат победнички, за победнички листи, победнички кандидати, победнички кандидат и за претседателските избори со европската агенда во кругот на сето тоа, рече Лукаревска.

Видовме во јавноста кој колку си ја сака државата пред неколку дена во Собранието имавме прилика да видиме како се крши и уништува, а тоа е добар показател да се види кој и мисли добро на земјата, потенцираше заменик претседателката Лукаревска.

Таа додаде дека опозицијата наместо да се залага за подобра перспектива  на државата, преку нивните антиевропски политики ја враќаат  државата  назад и сакаат да ја држат државата во изолација како во времето пред 2016 година кога владееше криминалот и режимот.

-Излеговме од изолацијата во којашто бевме до 2016 година, а тоа значи само едно:  секогаш на страна на граѓаните.Покажавме во текот на нашиот мандат преку зголемување на минималната ,просечна плата, пензиите, воведувањето на пакет на антикризни мерки и мерки за време на енергетската криза дека се грижиме за сите,  рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан