• понеделник, 18 ноември 2024

Лукаревска: Во тек е исплатата на Мој ДДВ за последното тримесечје, предвиден е поврат во износ од 382 милиони денари

Лукаревска: Во тек е исплатата на Мој ДДВ за последното тримесечје, предвиден е поврат во износ од 382 милиони денари
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Во тек е исплатата за месеците октомври, ноември и декември. Треба да се вратат 382 милиони денари или 6,1 милион евра, информира директорката на Управата за јавни приходи на денешната прес-конференција. Лукаревска, исто така, рече дека поврат на Викенд без ДДВ немаат добиено единствено оние што имаат внесено погрешна трансакциска сметка. - За оние кои сè уште немаат добиено поврат на Викенд без ДДВ сметам дека тој секаде го исплативме освен каде што има грешки во трансакциската сметка, како неточно внесена или не е лична трансакциската сметка. Меѓутоа многу пати кога сме разговарале со граѓаните станува збор и за минимален износ кој не го виделе сè уште на сметката. Сè она кое го има како проблем во делот на неисплатени средства од Викенд без ДДВ сметам дека тоа е околу 1 отсто и Контакт-центарот и сите вработени работат на тоа да се расчистат овие проблеми, изјави таа. Според неа, на сите пораки испратени преку е-адресата и преку официјалната страница, е одговорено и е констатирано дека во одредени случаи грешката е кај корисникот, но дека некогаш се јавува грешка и во налозите кои се испаќаат до Министерството за финансии. - Постои посебна е-адреса и страница во делот на оваа мерка и секако на сите пораки е одговорено, некаде е грешка на самиот корисник, а некаде секако и во моментот кога ги испраќаме налозите кон Министерството за финанссии и исплата доколку на тој налог од повеќе илјади корисници има само една трансакциска грешка целиот тој налог ни се враќа за дополнителна обработка и корекција. Овие и слични проблеми во делот на ДДВ ќе промовираме во нареден период, кога ќе промовираме и една новина во делот на Мој ДДВ, која ќе се однесува на самиот систем, рече Лукаревска. Директорката испрати апел до граѓаните да ги проверат трансакциските сметки и да ги извршат потребните корекции, но и доколку сменат банка да се погрижат да ја внесат новата трансакциска сметка во системот. свс/скс

Остани поврзан