• петок, 30 август 2024

Лукаку потпиша за Наполи

Лукаку потпиша за Наполи

Неапол, 29 август 2024 (МИА) - Наполи се засили со белгискиот фудбалер и досегашен играч на Челзи, Ромелу Лукаку.

Наполитанците потпишаа договор со 31-годишниот фудбалер до 30 јуни 2027 година. 

Според италијанските медиуми сумата на трансферот изнесува 30 милиони евра.

Лукаку дојде во Челзи во август 2021 година од Интер за 113 милиони евра. Оттогаш, Белгиецот мина цела сезона во англискиот тим, по што играше како позајмен за Интер и Рома. зс/

Фото: Фејсбук Наполи

Остани поврзан