• петок, 05 декември 2025

Лудогорец паузира во бугарското првенство пред реваншот со Шкендија

Лудогорец паузира во бугарското првенство пред реваншот со Шкендија

 

Разград, 22 август 2025  (МИА) – Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа.

Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство.

„Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој мора да надомести негатива од 1:2 од првиот натпревар синоќа во Скопје за да влезе во групната фаза од Лига Европа“, пренесува денеска агенцијата БТА.

Од својата страна, Шкендија не побара одложување на обврските во домашното првенство и в недела во Тетово ќе го пречека Арсими во рамки на 3 коло пред реваншот против Лудогорец на 28 август во Разград .ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан