Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс“ со американски астронаути
- Лошото време може да го одложи лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ и сондата „Кру драгон“, но од НАСА јавуваат дека стартот засега не е одложен, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Вашингтон, 27 мај 2020 (МИА) - Лошото време може да го одложи лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ и сондата „Кру драгон“, но од НАСА јавуваат дека стартот засега не е одложен, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Ракетата на компанијата „СпејсИкс“ е планирано да полета денеска во 16 часот и 33 минути од космодромот на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ракетата ќе ја превезе капсулата во која се наоѓаат двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица.
Ова е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет година пауза. Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го прати својот последен шатл, „Атлантис“. кб/