• среда, 27 ноември 2024

Лофвен: Ситуацијата во Шведска е многу сериозна, ќе има построги препораки

Лофвен: Ситуацијата во Шведска е многу сериозна, ќе има построги препораки
Стокхолм, 3 ноември 2020 (МИА) - Бројот на случаи со Ковид-19 во Шведска рапидно се зголемува и ситуацијата е многу сериозна, изјави денеска премиерот Стефан Лофвен, најавувајќи построги препораки за уште три региони. Новите регионални упатства значат дека 70 проценти од Швеѓаните сега ќе живеат под построги, иако сè уште доброволни, препораки кои вклучуваат работа од дома, ако е можно, и избегнување јавен превоз, трговски центри и теретани. Лофвен рече дека заедничките вечери во рестораните ќе бидат ограничени на осум лица. -Имаме многу сериозна ситуација. Се повеќе кревети за интензивна нега сега се користат за лекување пациенти со Ковид. Одморот што го добивме ова лето заврши, рече Лофвен на прес-конференција. паг/    

Остани поврзан