• петок, 05 декември 2025

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

 

Лос Анџелес, 2 ноември 2025 (МИА) – Лос Анџелес Доџерс го совладаа синоќа Торонто Блу Џејс со 5-4 по продолжение во решавачкиот седми натпревар од големото финале во американската професионална бејзбол лига (МЛБ), станувајќи првиот шампион во Светската серија што ја одбрани титулата по пауза од 25 години.

За клубот од Лос Анџелес, ова е деветта титула вкупно, а трета во последните шест години, која ја освоија во драматичен натпревар.

Торонто Блу Џејс, кој е единствениот канадски клуб во МЛБ лигата водеше во финалната серија со 3-2, но на крајот не успеа да ја освои својата прва шампионска титула во 32 години.

„Имавме многу, многу среќа што победивме“, рече сопственикот на Доџерс, Марк Волтер.

Јапонецот Јошинобу Јамамото беше прогласен за најкорисен играч во Светската серија.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан