• понеделник, 23 декември 2024

Лорис смета дека Мбапе би можел да биде новиот капитен на Франција

Лорис смета дека Мбапе би можел да биде новиот капитен на Франција

Париз, 16 ноември 2023 (МИА) - Поранешниот француски капитен и голман Уго Лорис смета дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заслужува да биде нов капитен на националниот тим. На 9 јануари 36-годишниот голман се повлече од француската репрезентација.

-Играч како Рафаел Варан може да ја добие капитенската лента. Но, има играч кој напредува и на теренот и надвор од него и е лидер во соблекувалната. А тоа е Килијан Мбапе. Тој може да одигра нова улога во тимот, а тоа му е потребно на нашиот тим. Но, каков и да е изборот на новиот капитен, ние целосно ќе го поддржиме, изјави Лорис за „ТФ1“.

На последното Светско првенство во Катар, 24-годишниот Мбапе одигра седум натпревари за француската репрезентација, постигна осум гола и стана најдобар стрелец на СП 2022 година. Вкупно за репрезентацијата настапи на 66 натпревари и постигна 36 голови. зс/

Остани поврзан