• петок, 22 ноември 2024

Лопетеги: Го почитуваме Интер, но одиме на победа

Лопетеги: Го почитуваме Интер, но одиме на победа
Келн, 21 август 2020 (МИА) - Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги изрази оптимизам пред финалето на Лигата на Европа против италијански Интер. Лопетеги го пофали противникот, но рече дека целта на неговиот тим е да се врати во Шпанија со трофејот. - Интер има добро избалансиран тим. Тие можат да напаѓаат на различни начини и да бидат добри во одбраната, давајќи им на противниците само малку шанси. Ние ќе му пристапиме на овој меч како и секој друг. Излегуваме со почит кон противникот, но целта ни е да ја освоиме Лигата на Европа. За да го постигнеме тоа, ние мора да бидеме смирени и да ја задржиме ладнокрвноста, рече Лопетеги. Финалето се игра вечерва во Келн со почеток од 21 часот.

Остани поврзан