Лопетеги би можел да стане селектор на репрезентацијата на Белгија
- Шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги се смета за потенцијален нов селектор на белгиската репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми.

Брисел, 19 јануари 2025 (МИА) - Шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги се смета за потенцијален нов селектор на белгиската репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми.
Кандидатурата на Лопетеги ја одобрил спортскиот директор на репрезентацијата, Винсент Манерт.
Се нагласува дека назначувањето на Лопетеги во националниот тим ќе ги зголеми шансите за враќање на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој одби да игра за националниот тим поради конфликт со поранешниот селектор Доменико Тедеско.
Последната работа на Лопетеги беше во Вест Хем, каде што раководеше од јули 2024 до јануари 2025 година.
Педест и осумгодишниот тренер ги предводеше и Вулверхемптон, Севилја, Реал, Порто и шпанската репрезентација. зс/
Фото: ЕПА