• четврток, 19 декември 2024

Локалните власти во Херсонската област спроведуваат задолжителна евакуација на жителите на Купјанск и околината

Локалните власти во Херсонската област спроведуваат задолжителна евакуација на жителите на Купјанск и околината

Киев, 10 август 2023 (МИА) - Локалните власти од Херсонската област денеска издадоа наредба за задолжителна евакуација на жителите од градот Купјанск и неговата околина поради интензивното руско гранатирање на областа, јавува Си-Ен-Ен.

Русија во последните неколку недели ги засили напорите да го поврати Купјанск, градот што украинските сили го презедоа во септември. 

Во наредбата се наведува дека е најавена задолжителна евакуација за жителите на градот, како и на Заоскил, што се наоѓа на источниот брег на реката Оскол. 

„Руските јуришни тимови ги подобрија позициите во Купјанск“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесе Тасс. 

Во последните недели, руските сили ги интензивираа напорите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскол и ја зголемија фреквенцијата на воздушни и артилериски напади врз населените места од двете страни на реката. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан