Локалниот совет за превенција со препораки за соживотот во мултиетничко Куманово
- Наставниците, родителите, училиштата да одржат состаноци со учениците, да се разговара со нив да не се вклучуваат во групи во социјалните мрежи каде се шири говор на омраза и се поттикнува нетрпеливост, полицијата, позорникарите да патролираат околу училиштата и на места каде се движат младите, да се одржат состаноци на локален совет на превенција, институциите да ги расветлат случаите во Куманово. Ова се дел од мерките и препораките кои беа донесени на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција, кој се одржа во проширен состав со координаторите на советнички групи, претставници на верски заедници, директори на основни и средни училишта со единствена точка на дневниот ред: Информација во врска со актуелни случувања во Куманово во изминатите денови и донесување соодветни заклучоци и препораки.
Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Наставниците, родителите, училиштата да одржат состаноци со учениците, да се разговара со нив да не се вклучуваат во групи во социјалните мрежи каде се шири говор на омраза и се поттикнува нетрпеливост, полицијата, позорникарите да патролираат околу училиштата и на места каде се движат младите, да се одржат состаноци на локален совет на превенција, институциите да ги расветлат случаите во Куманово. Ова се дел од мерките и препораките кои беа донесени на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција, кој се одржа во проширен состав со координаторите на советнички групи, претставници на верски заедници, директори на основни и средни училишта со единствена точка на дневниот ред: Информација во врска со актуелни случувања во Куманово во изминатите денови и донесување соодветни заклучоци и препораки.
-Беа донесени повеќе заклучоци и препораки, а посебен акцент да се стави на ученици особено на средношколци кои се подложни на провокации за да ги заштитиме од вакви немили појави кои го нарушуваат соживотот во мултиетничко Куманово. Само така може да дојдеме до заедничко решение, да најдеме и да ги надминеме ваквите проблеми, соопшти по состанокот, претседателка на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.
Сите директори на училиштата, како што рече Ѓорѓиевска, треба да ги задолжат класните раквоводитеи да одржат вонредни класни часови, да ги повикаат децата на смиреност и да не потпаѓаат на провокации.
-Да се повика совет на родители и да им се укаже на родителите да внимаваат на своите деца да не се вклучуваат по социјални мрежи, групи каде се шири говор на омраза и поттикнување на нетрпеливост, да им се објасни дека соживотот и толеранцијата се нешто што треба да се негува а, не да се руши. Да се побара од класните раководители да ги пријават недоличните однесувања на учениците до стручните служби и да а се води прецизна евиденција за присуство на учениците на наставата, истакна Ѓорѓиевска.
На состанокот, како што рече, бил донесен заклучок припадниците на Секторот за превенција да организираат панел дискусии со учениците од средните училишта во најкус можен рок.
-СВР да ги зголемат контролите околу училиштата и улиците каде се движат учениците после часовите, акцент да се стави на мултиетничките делови од градот и да има видливост на позорникарските групи во центарот на Куманово, шеталишта, паркови, спортски комлекси на отворено. Аплеираме до надлежните институции за побрза и поефискана разрешница на сите пријавени случаи како не би се користеле за разгорување на нетрпеливост меѓу граѓаните на Куманово, соопшти по состанокот Ѓорѓиевска.
Изминатата недела во Куманово беа оштетени неколку автомобили при прославата на Денот на албанското знаме, беше откорната таблата на Конзулатот на Србија. Вчера во Куманово беа опожарени автомобили и деловен објект на советник од ДУИ, како и на обвинителот Џелал Бајрами.
Во јавноста денеска излезе информација дека тинејџери биле нападнати додека чекале автобус. Во соопштението од СВР Куманово се наведува дека вчера четириесет и тригодишен жител на Куманово Т.А., пријавил дека на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“, неговиот малолетен син и негови пријатели, физички биле нападнати од неколку лица кои употребиле и тврди предмети. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. ам/ дма/
Фото: МИА