• недела, 22 декември 2024

Локализиран пожарот во Универзална сала и нема опасност од негово ширење

Локализиран пожарот во Универзална сала и нема опасност од негово ширење

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Пожарот во Универзална сала е локализиран и нема опасност од негово ширење, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. 

Скопската Бригада за противпожарни задачи работи на догаснување на пожарот. 

На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот. 

Засега нема информации што е причината за пожарот. 

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање. ев/са/

 

 

Остани поврзан