• сабота, 27 април 2024

Локален акциски план за управување со отпад во Општина Демир Хисар

Локален акциски план за управување со отпад во Општина Демир Хисар

Демир Хисар, 3 април 2024 (МИА) - Општина Демир Хисар усвои локален акциски план за управување со отпад кој, како што информираат од тамошната локална самоуправа, е прв стратешки документ од оваа област.

Во акцискиот план се идентификувани состојбите и проблемите со отпадот, а креирани се цели и активности за нивно решавање, посочуваат од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар.

-Со Локалниот акциски план создадени се можности за водење на долгорочна политика за заштита и унапредување на животната средина на целата територија на Општина Демир Хисар. Состојбата на животната средина во Општина Демир Хисар укажува на релативно чиста животна околина, без интензивни загадувачи на воздухот, водата, почвата и природата. Но, на природните ресурси на управувањето со отпад треба да им се обрне посебно внимание. Спроведувајќи го Локалниот акциски план, Oпштина Демир Хисар ќе посвети посебно внимание на информирањето на граѓаните за управувањето со отпад, како и на основните принципи за превентивно делување во заштитата и унапредувањето на животната средина, информираа од Општина Демир Хисар.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој. мт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан