• недела, 22 декември 2024

Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување

Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување

Кавадарци, 31 мај 2024 (МИА) - Нема вода во каналите за наводнување К 1 и  К 2, реагираше денеска на прес конференција, претседателот на Здружението на Тиквешки лозароовоштари, Дане Јошев. 

- Лозјата ни се наводнуваат со вода од овие канали. Вода треба да има од први мај. Утре е први јуни, вода нема. А прашање е дали и ќе има. Стравуваме за нашиот род, стравуваме од штети. Апелираме да се реши проблемот под итно, оти имаме родна година и за околу до пет дена, ќе имаме потреба од наводнување, нагласи Јошев. 

Според него, едниот канал бил неисчистен, а другиот бил неоспособен. Јавно побара водостопанството претпријатие да биде под општинска наместо под државна капа, за да може подобро да функционира. 

Од подружницата на Водостопанство, „Тиквеш" во Кавадарци, велат за МИА  дека во  затворениот канал К 1 во моментов има вода за наводнување, водата се пушта по потреба и барање на земјоделците. На одредени места имало појава на дефекти на цевководите и недостаток од резервни делови. 

За отворениот канал К 2 , досега не биле поднесени барања за користење вода за наводнување. Земјоделците кои ќе имаат потреба за наводнување, да се јават во подружницата. Каналот не бил целосно доисчистен, поради недостаток од работници. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан