• недела, 22 декември 2024

Лозари реагираат дека гроздоберот почна и винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето

Лозари реагираат дека гроздоберот почна и винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето
Кавадарци, 20 август 2021 (МИА) Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето. Ова денеска на прес- конференција го истакнаа од регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“.
Диме Соколов, кој има триесет декари лозје на суво, рече дека сушата е катастрофална за лозјата, а суша има на секои две-три години. Се пожали дека лозарите во вакви услови немаат пари да ги покријат своите трошоци за производство, но и за живот. Тој нагласи дека поради тоа се напуштаат лозови насади, а напуштените стануваат потенцијална опасност за настанување на пожари.
Соколов рече дека лоша е ситуацијата и со лозјата под систем за наводнување оти системите не биле одржувани.
-Водата, според нас, прво ја нема, а и кога ја има е скапа, па излегува дека наводнувањето како да е со кока-кола, дециден беше Соколов.
Претседателот на Здружението, Дане Јошев рече дека реалната цена за килограм грозје е 18 денари за „смедеревка“ и 20 за „вранец“, а винарии со години нуделе многу помалку при откупот.
Јошев информираше дека ќе бараат обесштетување поради сушата. Да се формираат комисии кои ќе извршат проценки на штетите. свд/мд/

Остани поврзан