• недела, 22 декември 2024

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување 

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување 

Кавадарци, 2 декември 2023 (МИА) - Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување на земјоделски површини, информираше денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“. Тие писмено се обратиле и до АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“. Станува збор за корисници на линиите К1-Бошава и К2-Бошава. 

- К1 линијата што врши дотур на вода до пумпната станица Вашата е неупотреблива од 2018 година, ништо не е преземено. Затоа пак, земјоделците чекаат вода за поливање од преливните базени на ЈП Комуналец – Кавадарци, во мала количина. Водата оди под слободен пат, а се фактурира како под пумпи, што е незаконски. Затоа треба веднаш да се намалат фактурите по цена – 731 од декар + 5% ДДВ. А за понатаму, во 2024 година, линијата во Ваташа во должина од 850 метри да се направи, пумпите да преработат, да се постават водомери на линиите на корисниците и на базенот кај Југокомерц да се мери влез на водата, а со тоа водокорисниците да бидат правилно задолжени и задоволни, а не како досега на штета на земјоделците, пишуваат од Здружението. 

Оттаму додаваат дека „К2 линијата нема вода од 2021 година“.

- До денес, освен по два-три дена во сезоната. Затоа, потребно е итно санирање на проблемот и прочистување, за непречена фунцкионалност во наредните години, се вели во писмото реакција на здружението на лозароовоштари. свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан