• недела, 22 декември 2024

Лишен од слобода разбојникот веднаш по извршениот грабеж во аптека во Скопје

Лишен од слобода разбојникот веднаш по извршениот грабеж во аптека во Скопје

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Скопската полиција синоќа околу 22 часот го лишила од слобода Б.П.(30) од населба Илинден, Скопје, кој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Како што информираат денеска од МВР, пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/нд/

фото МВР

Остани поврзан