Приведен кумановец кој бил затекнат при обид да изврши кражба, во неговиот дом пронајдена дрога
- Како што информира денеска МВР, тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, Кумановско, при обид да одземе предмети. Вчера, пак., со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја.
Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово во неделата го привеле Д.С.(40) од Куманово.
Како што информира денеска МВР, тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, Кумановско, при обид да одземе предмети. Вчера, пак., со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја.
Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/
Фото: МИА архива