Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило
- Во ресенското село Јанковец вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишиле од слобода М.Е.(35) од село Радолишта, струшко.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Во ресенското село Јанковец вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишиле од слобода М.Е.(35) од село Радолишта, струшко.
МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/дма/
Фото: МИА архива