Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани
- Шест мигранти полицијата открила вчеравечер во скопското село Студеничани кои биле држени во заложништво во објект во сопственост на 50-годишник со иницијали М.Ш. од Студеничани.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Шест мигранти полицијата открила вчеравечер во скопското село Студеничани кои биле држени во заложништво во објект во сопственост на 50-годишник со иницијали М.Ш. од Студеничани.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, полициските службеници вчера во 19.30 часот ги откриле и ослободиле мигрантите кои, како што наведува, „со употреба на сила и закани биле држани во објектот“.
-Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. хс/дма/
Фото: МИА архива