• понеделник, 08 јуни 2026

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници во споредба со 2024 година

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници во споредба со 2024 година

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Речиси 770 милиони денари обезбедила Владата за поддршка во науката - информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој нагласи дека одвоената сума е двојно повеќе во споредба со 2024 година.

- И во науката исто така, покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно поддршка за нашите научници, истражувачи - рече Мицкоски. 

Владата, нагласи, обезбеди бесплатен пристап до две научни бази на списанија, кои научниците ќе може да ги користат во создавање научни трудови. 

- Овозможивме бесплатен пристап до две научни бази на списанија, тоа се Web of Science и Scopus, кои исто така се првпат обезбедени од страна на Владата да бидат со бесплатен пристап за да може научниците и истражувачите да ги користат кога создаваат свои научни трудови, така што апсолутно продолжуваме да вложуваме и во науката и тоа е наш прв приоритет - изјави Мицкоски. сс/паг/

Фото: Принтскрин