Приведени крадците што украле велосипед пред теретана во Скопје
- Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода две лица поради сомнение за кражба на велосипед пред теретана во Скопје.
Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода две лица поради сомнение за кражба на велосипед пред теретана во Скопје.
- На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од село Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. дма/са/
Фото: МИА архива