• четврток, 26 март 2026

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Полицијата вчера попладне ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. 

Како што информира денеска МВР, лицата се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар. При преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан