Лишени од слобода двајца тиквешани, управувале возила под дејство на алкохол
- Двајца тиквешани биле лишени од слобода зошто управувале возила под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биле поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Кавадарци, 17 август 2025 (МИА) - Двајца тиквешани биле лишени од слобода зошто управувале возила под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биле поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Во првиот случај вчера во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Е.Л. (55) од овој град затоа што при контрола на патниот сообраќај, констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол. На лицето му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител.
Во вториот случај, пак, синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В. (24) од овој град. При вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој бил учесник, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол. Нему му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта. свд/мд/
Фото: МИА архива