• понеделник, 06 јануари 2025

Двајца малолетници од Шпанија фатени со пиротехнички средства

Двајца малолетници од Шпанија фатени со пиротехнички средства

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - На Меѓународен Аеродром – Скопје вчера биле лишени од слобода двајца шпански малолетни државјани откако кај нив биле пронајдени пиротехнички средства.

-Вчера во 16:00 часот на Граничниот премин - Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства, соопшти Министерството за внатрени работи.

Од МВР посочуваат дека за настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Законот за експлозивни материи, а со родителите да се изврши информативен разговор. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан