• сабота, 13 декември 2025

Лишени од слобода возачи од Битола и ресенско, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи од Битола и ресенско, управувале возила под дејство на алкохол

Битола, 21 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола, утрово во 2 часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, го лишиле од слобода П.Д.( 67) со престој во селото Жабени, битолско.

Од Sекторот за односи со јавност посочуваат дека при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

Исто така, синоќа во 20:30 часот во селото Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен  го лишиле од слобода М.М. (51) од Битола кој управувал патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.

Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави. мт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан