• петок, 05 декември 2025

Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Скопје, 9 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Делчево вчера во 12:00 часот го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш.

Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак  брзината е ограничена на 60 километри на час.

Во соопштението се додава дека вчера околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид.

Тој со патничко моторно возило „сузуки" со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило". ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан