Лице од Велешта возело со 2,17 промили алкохол и предизвикало сообраќајка во Струга
- Со 2,17 промили алкохол во крвта лице од Велешта предизвикало сообраќајка и со лесни телесни повреди е пренесено во болница, соопшти денеска СВР Охрид. Полициски службеници од ОВР Струга, според информацијата, вчера во 15 часот го лишиле од слобода А.Н.(54) од струшкото село Велешта.
Струга, 21 мај 2025 (МИА) - Со 2,17 промили алкохол во крвта лице од Велешта предизвикало сообраќајка и со лесни телесни повреди е пренесено во болница, соопшти денеска СВР Охрид.
Полициски службеници од ОВР Струга, според информацијата, вчера во 15 часот го лишиле од слобода А.Н.(54) од струшкото село Велешта.
- Претходно, на улицата „Владо Малески“ во Струга, тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сс/цр
Фото: МИА архива