Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски во Охрид
- Во Големата сала на Општина Охрид, денеска ќе се одржи „Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски“, посветена на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист.
Охрид, 7 март 2026 (МИА) - Во Големата сала на Општина Охрид, денеска ќе се одржи „Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски“, посветена на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист.
Манифестацијата е дел од Програмата за култура на Општина Охрид, а во нејзини рамки ќе бидат прогласени и победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.
Организаторите информираат дека настанот има за цел да му оддаде почит на творештвото и придонесот на Тоде Илиевски, кој остави значаен белег во книжевноста за деца, како и во културниот живот на Охрид, Македонија и пошироко.
Манифестацијата се организира со поддршка од Општина Охрид. дма/сст/
Фото: Илустрација