• вторник, 02 јули 2024

Литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Делчево

Литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Делчево
Делчево, 17 февруари 2022 (МИА) - Во Делчево е распишан литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Конкурсот е во организација на делчевскиот Центар за култура, од каде упатија отворена покана до љубителите на пишаниот збор да земат учество на истиот. -Со овој литературен конкурс Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров" од Делчево сака да даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик, истакнаа од установата. Конкурсот е распишан за поезија и проза, а темата како што додадоа е слободна. -Учесниците на конкурсот творбите со шифра треба да ги испратат најдоцна до 21.02.2022 (понеделник) во просториите на Центарот за култура или по електронска пошта на centarzakultura@yahoo.com, додадоа од НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров". По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, активности од областа на културата подготвува и Јавната локална библиотека ,,Илинден" од Делчево. вс/вј/  

Остани поврзан